Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Дурмиши: Во тек се инспекциски контроли, ако се утврдат зголемувања на маржите ќе се преземат мерки

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки – соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот.  

Засега, рече министерот, нема основа да се реагира во однос на цените на прехранбените производи. Ситуацијата се следи и доколку се процени дека има потреба, ќе се дејствува. Можно е една од мерките да биде намалување на ДДВ-то за прехранбените производи.

Реклама

Дурмиши потенцира дека ограничување на цените се прави само кога ќе се констатира дека трговците ја имаат зголемено маржата.

Минатиот месец, според него, имаше зголемување на цените на прехранбените производи, но и намалување на маржата од страна на трговците за околу еден процент.

-Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на месецов. Може да го намалиме ДДВ за прехранбените производи. Како што реагиравме во делот на горивата, така може да реагираме и во овој сегмент. Нашите контроли се вршат врз маржите што ги ставаат производителите, трговците и дистрибутерите. Ако видиме дека во вакви услови на криза и неизвесност, се однесуваат девијантно и ги зголемуваат маржите, ќе реагираме со соодветни мерки, како што реагиравме минатиот пат, со административните мерки кои ни се на располагање, истакна министерот, додавајќи дека ДПИ на 20 мај ќе ја достави информацијата од надзорите до Министерството.

Тој потенцира дека Министерството континуирано ја следи состојбата и ќе продолжи со спроведување мерки за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните. Македонија, додаде, е увозно зависна, особено во делот на прехранбените производи, а тоа подразбира дека цените ги диктираат тие земји, од каде што увезуваме.

-Цената на прехранбените производи кои се увозни не ја одредуваме ние, ниту нашите трговци, туку тие земји. Ние контролираме дали е зголемена маржата. Имаме можност, во рамки на Законот, да постапуваме со механизмите кои ни се на располагање ако се зголемува маржата кај производителите, трговците и дистрибутерите, подвлече Дурмиши и потсети дека досега се изречени казни. 

Во однос на инфлацијата, рече дека не е проблем само кај нас, туку и во земјите од Европа.

-Во Романија инфлацијата е 9 отсто, во Бугарија 6,2, во Хрватска 4,6 проценти. Инфлацијата е зголемена, но така е и во други земји. Кај нас инфлацијата е до пет отсто, но, се справуваме и реагираме соодветно. Во таа насока е и денеска објавената мерка за кофинансирање на занаетчиите, малите и средните претпријатија, за зголемување на нивната продуктивност и произвостдво, рече министерот.