Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

Дурмиши: Владата креира мерки за долгорочни резултати

План за вработување на младите лица, мерки за зауздување на инфлацијата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

План за вработување на младите лица, мерки за зауздување на инфлацијата и ценовните шокови,  нови инвестиции во ТИРЗ зоните, поддршка за компаниите, зајакната регулатива и засилени инспекциски контроли  – министерот Бесар Дурмиши го презентираше сработеното изминатата година откако го презеде ресорот економија.

Клучен проект е оперативниот план за вработување кој е стратешка алатка за борба со невработеноста за кој е обезбеден буџет од речиси 40 милиони евра. Досега биле поднесени 6026 апликации, а е насочен за 16 илјади граѓани до 29  години.  Министерот најави дека во тек се и четири нови инвестиции во ТИРЗ зоната во Тетово

-За сите се водат постапки пред институциите пред да пчнат да е градат. Само една од нив ќе вработи до 600 луѓе, втората до 250 и така натаму. Но, ќе нформираме кога постапките за почеток а градба ќе бидат завршени – рече Дурмиши.

Реклама

За изминатата година власт предизвик за министерството беше справувањето со цените на храната. Беа воведени мерки за ограничување на цени и маржи кои според Дурмиши ги дале посакуваните резултати .  Во моментов на сила е законската обврска трговците да ги објавуваат на дневно ниво цените на производите, што на долг рок треба да ја поттикне конкурентноста на пазарот и да ги намали цените. Министерот најави дека во иднина ќе се фокусира на стимул на домашното производство, а се планираат мерки кои ќе ги заштитат граѓаните на долг рок . Не е исклучена можноста повторно да има замрзнување на цени и маржи доколку извештајот од ДПИ кој ќе биде доставен после 30 јуни покаже дека маркетите енормно ги покачиле цените.

-Се разботи на тоа да ги подржиме нашите земјоделски производители и производителите на основните прехранбени производи, бидејќи досега немавме такви мерки. Ако ги импламентираме овие мерки ќе се намалат цените на земјоделски прехранбени производи, бидејќи истите ќе се произведуваат дома. Ние сме увозно зависна држава и речиси 80 отсто од производите ги увезуваме. Имаме капацитет и имамем можности и поради тоа треба да го поддржиме домашното производство. Во таа насока во наредниот период во маркетите ќе биде обележано кои производи се домашни, а кои увозни со цел граѓаните да купуваат домашни производи, рече Дурмиши.

Во меѓувреме владата ја скрои новата потрошувачка кошничка. Она што засега е познато дека е одлучено сепак  пресметката да биде на четиричлено, а не на тричлено семејство како што претходно се најавуваше. Податоци ќе се земаат од релевантни институции, а и од неколку маркети не само од едно место со цел да се добијат што поверодостојни и пореални податоци. Новата пресметка ќе се објави веднаш по прватата седница на економско социјалниот совет кој многу скоро ќе се формира