Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Дурмиши: Со финансиска поддршка ги поттикнуваме инвестициите и конкурентноста на домашните компании

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги посети компаниите „Виталиа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги посети компаниите „Виталиа Никола“, „Полијестердеј“ и „ББ Континентал метал“, корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Посетата, како што информираат од Министерството за економија и труд, е дел од активностите за следење на реализацијата на инвестициите и директна комуникација со компаниите кои ја користат државната поддршка за развој и унапредување на своето работење.

-Законот за финансиска поддршка на инвестициите е еден од клучните инструменти преку кои државата ги поддржува компаниите кои инвестираат, ја зголемуваат продуктивноста и конкурентноста и создаваат нови работни места. Нашата цел е јавната поддршка да има конкретен и мерлив ефект врз економијата – преку поголемо производство, нови технологии, зголемен извоз и подобри работни места – истакна министерот Дурмиши.