Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Дурмиши: Отворени сме за нови инвестиции и партнерства, нудиме стабилна макроекономска политика, пристап до регионалните пазари, квалификувана работна сила и институционална поддршка

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, насочена кон поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Како што соопшти Министерството за економија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, насочена кон поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Како што соопшти Министерството за економија и труд, во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласи дека Република Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија, при што трговската размена континуирано расте, а турските компании со децении имаат значајна улога како инвеститори, работодавачи и партнери во развојот на македонската економија.

– Северна Македонија е отворена за нови инвестиции и нови партнерства. Нудиме стабилна макроекономска политика, стратешка географска положба, пристап до регионалните пазари, квалификувана работна сила и силна институционална поддршка за инвеститорите. Уште поважно, нудиме партнерство засновано на доверба и долгорочна соработка – истакна министерот Дурмиши.

Реклама

 Во Истанбул денеска се одржува бизнис-форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Македонија пред турската деловна заедница.

Форумот се организира во рамките на проектот „Промоција на мапа за инвестирање“ како дел од програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП. Форумот има цел да ги поврзе институциите и бизнис-секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции.

На настанот е најавено учество на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе предводи владина делегација составена од ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Од турска страна домаќин на форумот е министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а организацијата ја спроведуваат Министерството за трговија на Турција и DEİK – Советот за надворешни економски односи.

Во рамките на програмата ќе бидат претставени инвестициските потенцијали на нашата земја, а настанот ќе вклучи и официјални обраќања, тематски панели посветени на трговијата, енергетиката и инфраструктурата, како и Б2Б-средби меѓу компании од двете земји, со фокус на размена на искуства и унапредување на соработката во клучните економски сектори.

Форумот е наменет за компании што имаат интерес за проширување на своето присуство на меѓународните пазари и воспоставување нови деловни партнерства во рамките на регионалната економска соработка.

Во континуитет на ваквите активности, како дел од пошироката серија промотивни настани за позиционирање на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација, сличен бизнис-форум неодамна се одржа и во Будимпешта. Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.