Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Дурмиши: Цените се ставени под контрола,  о конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните  

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната седница за пратенички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, одговарајќи на прашањето поставено од пратеничката Јована Тренчевска, истакна дека Владата спроведува сеопфатни и континуирани мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и унапредување на правата на работниците.

Министерот потенцира дека состојбата со цените е стабилизирана и под контрола. Според официјалните податоци, инфлацијата се движи меѓу 4,5 и 4,9 %, што е значително намалување во однос на кризата од 2022 година кога таа надминуваше 10 %. Дополнително, кај 55 основни производи растот на продажните цени е минимален – 0,43 %, набавните цени пораснале за 1,01%, а трговските маржи се намалуваат, што укажува дека дел од товарот го преземаат и трговците.

Во однос на мерките, Дурмиши нагласи дека Владата донесе конкретни политики за ублажување на ценовните притисоци, меѓу кои намалување на ДДВ и акцизите за горивата, како и засилен инспекциски надзор преку Државниот пазарен инспекторат со 30 тима на терен. Дополнително, веќе се разгледуваат нови таргетирани мерки, вклучително и можност за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и повторно ограничување на маржите.

Реклама

Во делот на платите, министерот истакна дека Владата води одговорна и одржлива политика. Тој нагласи дека минималната плата не може да се утврдува со политички одлуки без економска основа бидејќи тоа може да доведе до негативни последици врз работните места и стопанството. Наместо тоа, има методологија со која платите се врзуваат со просечната плата и трошоците за живот, со што се обезбедува континуиран раст. За две години, додаде тој, се зголемени платите во образованието, во здравството, во секторот безбедност – полиција, одбрана и постигнат е колективен договор со синдикатите од јавниот сектор и 11.000 административци имаат подобри плати. Постигнат е договор, додаде тој, и во следните три години тие ќе имаат зголемување на платите и еднакво ќе се зголемува со минималната плата.

– Во изминатиот период платите се зголемија во повеќе сектори преку колективни договори, а само по основ на усогласување со трошоците за живот има раст од речиси 12 %. Дополнително, утврдена е јасна динамика за раст од 7 % во 2026, 2027 и 2028 година, што претставува вкупно зголемување од приближно 21 % – истакна Дурмиши.

Во врска со правата на работниците, додаде тој, секој месец во Економскиот совет имаме средби со претставниците и на синдикатите и на работодавачите од приватниот сектор. – Ги дискутираме сите теми, и за стандардот на вработените, и за животниот стандард на сите граѓани, и за платите на работниците колку се добри и колку треба да се зголемат – рече Дурмиши. 

Во однос на наводите за буџетскиот дефицит, министерот посочи дека Владата води одговорна фискална политика во услови на глобална економска криза, при што интервенциите се насочени кон заштита на економијата и граѓаните.

Дурмиши нагласи дека Владата останува посветена на креирање политики, кои обезбедуваат стабилен економски раст, зголемување на платите и заштита на ранливите категории врз основа на реални економски параметри, а не на популистички ветувања.