Реклама
Македонија

ДУИ позитивно го оценува враќањето на Груби, очекуваат фер постапка

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјава, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања.

„Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото, со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи. Демократска унија за интеграција останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните“, велат од ДУИ.