Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ДСЗИ бара дисциплинска за здравствените работници и стручен надзор во Прилепската болница по смртта на близнаците

По вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница, Државниот санитарен и здравствен инспекторат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бара постапка за дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата – близнаците кои починаа на 16 јануари. Од ДСЗИ велат дека до министерот за здравство ќе иницираат постапка за стручен надзор над работата на Прилепската болница согласно закон.

Инспекторатот констатирал дека кога на 10 јануари мајката со потпис, на свое барање, заминала од болницата со новороденчињата (предвремено родени и со мала тежина), болницата не го известила Центарот за социјални работи. Од страна на докторите било инсистирано мајката да остане во болницата се додека бебињата целосно се адаптираат, но таа барала да бидат испишани.

Од Прилепската болница велат дека ќе биде формирана внатрешна комисија која ќе го испита случајот. Близнаците, како недоносени, биле родени спонтано, во 34-та гестациска недела. Новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари. На 16 јануари близнаците починаа, а според лекарите од Прилепската болница, тие биле премрзнати.