Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар одржа работен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар одржа работен состанок со локалните координатори на партијата. На состанокот беше разгледана подготовката за претстојните локални избори и координацијата на активностите на терен, се вели во соопштението од ДСР. 

Тргнувајќи од колективниот интерес и потребите на ромската заедница во Гостивар, Општинската организација на ДСР ја дава својата поддршка за листата на советници на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, која настапува под број 9. Со оваа одлука, ДСР стои зад политички избор што ќе го зајакне ромскиот глас во Гостивар и што ќе го штити соживотот меѓу заедниците.

ДСР изразува верување во локална власт што ги поврзува различните етнички заедници со политики што носат реални резултати, економски можности и почит за секој жител на Гостивар.