Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот“

Државниот архив на Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот архив на Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите.

Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, а годинешната тема ја нагласува улогата на архивите како значаен општествен фактор во зачувувањето на колективната меморија и заштитата на граѓанските права.

Во рамки на Архивската недела, која ќе трае до 12 јуни, Државниот архив организира повеќе настани со цел промоција на архивското наследство и неговата достапност до јавноста. Од институцијата посочуваат дека архивите не се само чувари на минатото, туку и активни чинители во развојот на современото општество.

Реклама

Како дел од програмата, утре во 12 часот во Музејот на тетовскиот крај во Тетово ќе биде промовирана книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија. Следниот ден, на 10 јуни, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи промоција на јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследена со изложба по повод јубилејот на институцијата.