Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Дрвокрадството е намалено во Прилепско, но шумската полиција не е доволно екипирана, а казните се мали

Дрвокрадството во Прилепско не е искоренето, но е намалено. Честите контроли на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дрвокрадството во Прилепско не е искоренето, но е намалено. Честите контроли на шумската полиција, а и стравот кај граѓаните да купат крадено огревно дрво, без документ, влијаат да се намали дрвократството, констатираат од Шумската полиција и од ЈП „Црн бор – Македонски шуми“. 

Според Пумската полиција, лани имало преку 260, а годинава се 190-тина пријави за дрвокрадците.

– Дрвокрадството во Прилепскиот регион годинава е значително намалено во споредба со изминатите години. Тоа е резутат на зголеменото присуство на шумската полиција на терен. Имаме редовни контроли, дење и ноќе се патролира на критичните точки. Самото наше присуство има и превентивен ефект- ги одвраќа од намерата тие што сакаат да вршат бесправни активности во шумата. Поголеми проблеми имавме во атарот над вештачкото езеро: Дервен, Борула, Студенец и во атарот на селото Беловодица кај Плетвар. Минатата година имаше околу 260 кривични и прекршочни пријави.Во 2025 година вкупно се одземени 420 метри кубни огревни дрва, 26 товарни, 5 патнички возила, еден шпедитер, 23 самари, 17 рачни моторни пили. Оваа година трендот е во опаѓање. Досега имаме 190 пријави, се одземени 60-тина шпедитери, 13-тина патнички моторни возила, вели Рубин Мирчески, в.д командир на Шумска полициска станица во Прилеп.

Реклама

Пецо Јовевски, раководител на ЈП „Црн бор Македонски шуми“ од Прилеп смета дека граѓаните трипати помислуваат пред да купат огревно дрво без документ.

-Граѓаните сега не сакаат да ризикуваат да купат огревно дрво без документ, зашто имаше повеќе случаи на одземено дрво од домаќинствата кои не можеле да покажат документ од каде и колкави количества купиле. Од друга страна треба да се каже дека последните години користењето на дрвото за офрев во просек по 10-тина проценти годишно опаѓа. Од годинава договорените околу 4 000 кубни метри огревно дрво, досега на домаќинствата преку 92 проценти им се испорачани. 

Шумската полиција реагира на малите судски казни за сторителите на кои им се враќаат возилата и дел од нив пак се враќаат на дрвоикрадство.

– Еден од проблемите со кој се соочуваме е тој што ги одземаме возилата и по судски постапки повторно им се враќаат на сторителите. Дел од нив повторно одат во дрвокрадство. Се повикуваат на европскиот суд за човекови права на несразмерна вредност на товарот со возилот. Освен тоа, законската глоба е од 2 500 до 4000 евра за бесправен превоз, за бесправна сеча. Судовитемоментално ги казнуваат од 150 до 250 евра, објаснува командирот на шумската полиција Мирчески.

Шумската полиција се соочува и со напади врз нив, но и со мала екипиранот и опременост. Имаат само едно возило и 18 шумски полицајци за големиот терен што го покриваат, општните Прилеп, Кривогаштани, Долнени и големиот реон на Мариово. Потребни се барем уште 10-тина шумски полицајци.