Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Дрога спакувана во јајца, ОЈО покрена истрага против жена што се обидела да внесе марихуана и кокаин во „Идризово“

Скопското обвинителство покрена истражна постапка против 25-годишна жена, откако пред два дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопското обвинителство покрена истражна постапка против 25-годишна жена, откако пред два дена бил спречен несекојдневен обид за внесување дрога во КПУ „Идризово“.

Осомничената се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, откако кај неа биле пронајдени марихуана и кокаин.

Настанот се случил на 20 мај, кога жената дошла во посета на својот сопруг, кој издржува затворска казна. Таа со себе носела две табли во кои, на прв поглед, биле спакувани 60 јајца. Сепак, при детален преглед на скенер и рачна проверка, било утврдено дека дури во 28 од јајцата биле скриени пакувања со дрога.

Реклама

Пронајдени биле и над 300 грама марихуана и повеќе од 140 грама кокаин.

Иако Обвинителството ја нагласува тежината на делото и постоењето на ризик од бегство, сепак е земена предвид семејната состојба на осомничената.

„Имајќи го предвид фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едното е 5-месечно бебе, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка куќен притвор“, велат од ОЈО Скопје.