Реклама

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Македонија

Дрин Ахмети: Никогаш не ме побара обвинител да дадам исказ за „Соравија“

Дрин Ахмети не дал исказ во јавното обвинителство за случајот со Соравија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дрин Ахмети не дал исказ во јавното обвинителство за случајот со Соравија  и по повеќе од 18 месеци откако  е отворен предметот. Внукот на Али Ахмети во интервју за Република тврди дека ниту еден обвинител досега не го побарал тоа од него, единствено во Обвинителството бил повикан да даде исказ за друг случај поврзан со концесијата за каменолом на компанијата еверест.

Ахмети вели дека купопродажбата на Соравија не е завршена, а на прашањето кој е сопственик, Дрин одговара дека работите не биле толку едноставни колку што се мислело. Сеуште тапијата припаѓала на Хано соравија но во тек е постапката за преземање од страна на американскиот бизнисмен со албанско потекло Ник Назар Мехмети. Иако за Мехмети имаше информации дека бил финансиер на УЧК и поседувал стриптиз барови во САД, тврди дека такво нешто не знае.

Во врска со обвинувањата на Соравија, јавниот обвинител никогаш не побарал дададам исказ. Никогаш не сум имал каква било покана од нив. Ова беше покана за предметот за концесијата на компанијата „Еверест“, при што на јавниот обвинител му ги дадов исплатите што ги извршивме, значи исплатите што ги направиле, вклучувајќи ја и каматата што е платена за доцнењето со исплатите. Причината за доцнењето со исплатите, а ние и оваа година доцниме, е, ако погледнете надвор, гледате дека има снег, вели Ахмети.

Реклама

Ахмети тврди дека обвинителот Абази не е негов семеен пријател, се познавале од селото Зајас бидејќи било мало место. Ахмети објаснува дека се познавал со таткото од Абази затоа што бил професор по историја во средното училиште во Зајас, а фотографиите кои излегле во јавноста на која е таткото од Дрин Ахмети, братот на Али Ахмети во друштво на  Абази во опуштена домашна атмосфера,  биле од семеен настан кој го организирал таткото на Дрин Ахмети и таму имало 40 или 50 луѓе.

Младиот бизнисмен Ахмети тврди дека неговиот чичко, Али Ахмети , никогаш не му помогнал за ништо. Тој бил негова животна инспирација како човек и немале никакви бизнис врски

Значи, нема да навлегувам во политика или филозофија, но ако можете да наведете една личност, компанија, субјект со кој чичко ми ме поврзал или вршел притисок да ми помогне, било кој субјект, можете да кажете дека беше овој, оној, нема ништо такво. Никој, никогаш. Да, тој влијаеше на моето воспитување како дете затоа што го користев како пример каков треба да биде еден човек а не политичар, вели Дрин.

За Ахмети пак е и необјасливо зошто од Фондот за иновации му побарале да ги врати парите назад за добиените проекти иако и во самото интервју тој покажува дека една од инвестициите е печатач. Каква иновација е тоа , Ахмети вели дека грантот кој го добил бил за да се купи опрема а не за иновации., Ахмети вели дека не ни знае колку пари добил од Фондот за иновации, тоа ќе морало да го проверат неговите вработени.

Дрин Ахмети за сите прашања тврди дењка тој нема сторено никаков криминал.

Дрин Ахмети стана директор на ТЦ Соравиа во септември 2023-та, односно по примена позајмица од страна на фирмата на  Ник Мехмети од основачки влог од три милиони евра преку фирма која ја регистрирал на истата адреса како и ТЦ Соравиа.