Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: Македонска Каменица останува ВМРО општина, Атанасовски добива поддршка за втор мандат

На трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, членот на Извршниот комитет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, членот на Извршниот комитет на партијата и пратеник Драган Ковачки порача дека Македонска Каменица останува „ВМРО општина“, истакнувајќи ја силната поддршка на градоначалникот Димче Атанасовски за втор мандат.

Во своето обраќање, Ковачки ја пренесе пораката од претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека Каменица ќе продолжи да биде „срцето на ВМРО во крајниот исток“ и дека партијата останува посветена на развојот на источниот регион.

– Денес сме овде за да ја потврдиме довербата во луѓето што работат чесно, посветено и со срце – не за своја лична корист, туку за доброто на сите граѓани на Македонска Каменица, рече Ковачки. Тој додаде дека Атанасовски, како локален човек, ги познава секојдневните предизвици, радости и грижи на жителите на општината, бидејќи неговото семејство и дом се тука, а неговата работа има „човечка димензија“.

Реклама

Пратеникот го оцени изминатиот мандат на Атанасовски како успешен, потенцирајќи ги реализираните проекти кои, како што рече, зборуваат сами за себе: подобрување на патната инфраструктура, водоводната и канализационата мрежа, реконструкција на училишта и градинки, како и активности за зачувување на културното наследство.

Ковачки потенцира дека овие резултати се плод на труд, визија и соработка меѓу луѓе кои верувале дека интересот на граѓаните е на прво место, додека, како што рече, претходните локални структури на СДСM и ДУИ се обидувале да го попречат развојот на општината.

Во својот говор, тој ги повика граѓаните да го поддржат Атанасовски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Гоце Стоиловски, за, како што нагласи, „да се обезбеди стабилно мнозинство во Советот и да се продолжи патот на развој и заедништво започнат во 2021 година“.

– Силната соработка меѓу градоначалникот, Советот и Владата е клучот за континуиран развој. Кога сите работиме во истиот правец, можеме да направиме многу повеќе, истакна Ковачки.

Пратеникот упати и предупредување до граѓаните да не наседнуваат на, како што рече, „интриги и дезинформации од поединци што работат против партијата за свои лични цели“, нагласувајќи дека обединувањето околу проектите и принципите на ВМРО-ДПМНЕ е клучно за напредокот на општината.

На крајот од трибината, Ковачки повика на единство и поддршка за локалните кандидати, со порака дека „сила е во заедништвото“ и дека заедно можат да градат општина за која сите ќе бидат горди.