Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ДПИ на терен проверува дали трговците се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор

Државниот пазарен инспекторат на терен ги контролира правните субјекти, трговците дали се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат на терен ги контролира правните субјекти, трговците дали се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата со која ги задолжи да ги намалат цените на училишниот прибор најмалку за 10 проценти во трговија на големо и најмалку за 15 проценти во трговија на мало, која се применува од 25-ти овој месец. Граѓаните можат да пријават неправилности или непочитување на одлуката на 191 или www.dpi.gov.mk

Според ДПИ трговците за вршење дејност трговија на мало, производите наведени во одлуката, кои се поставени на полиците треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд, како и со претходната продажна цена на која е утврдено намалувањето и новата намалена продажна цена.

– Согласно одредбите на одлуката, највисоките цени на производите опфатени со одлуката се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2026 година во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10 проценти, како и во трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор, продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор), кои цени се намалуваат најмалку за 15 проценти, појаснуваат од ДПИ.  

Реклама

Додаваат дека по исклучок, за производите кои се набавени по 1 јуни 2026 година, највисоките цени за производите се утврдуваат на нивото на цените евидентирани во Материјалната евиденција во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10 отсто, како и на нивото на цените евидентирани во Приемниот лист во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 15 отсто.  

Од ДПИ најавуваат дека нивни тимови во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, каде глобите се движат од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно непочитување на одлуката предвидена е мерка – привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена. Апелираат до трговците да се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата.

Владата на 25 август ја донесе оваа одлука, која ќе биде во сила заклучно со 30 септември 2026 година.

​Мерката опфаќа широк спектар на производи, кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст-маркери; темперни, акрилни и водни бои и четки; ​линијари и дидактички материјали; ​острилки и гуми за бришење; ​детски ножици, футроли, лепила, шестари; ​дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни. Тука спаѓаат и материјали за изработка, практично сè што е потребно за почетокот на учебната година.