Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Донев: Македонија да повлече умерен потег во однос на судирот меѓу САД и Иран

Македонија и нејзината дипломатија треба да влечат паметни потези и да заземе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и нејзината дипломатија треба да влечат паметни потези и да заземе позиција која нема да значи прекршување на меѓународното право и документите на Обединетите Нации. Поранешниот амбасадор Јован Донев апелира за претпазливост на нашата држава во контекст на последните случувања на релација Иран-САД.

“Таа принципиелна политика многу лесно може да ја образложите и да ја одбраните. Секое посериозно истапување од таа позиција и повикување на владеење на правилата кои што ги применуваат големите сили е многу тешко многуу ризично за мали држави. Претседателот Трамп за време на неговиот четиригодишен мандат јасно стави до знење дека ќе биде сериозен приврзаник на real politic. Интересите на САД му се во преден план”, вели Донев.

Тој потенцира дека светот одамна не е биполарен и дека македонските граѓани треба да ги знаат сите аспекти кои со себе ги носи членството во НАТО. Кои се придобивките, но и колку тоа ќе не чини, вели Донев. Предупредува дека погрешната проценка за тоа дали и на која страна треба да застане државниот врв може да го доведе во ситуација на одбрана на туѓи за сметка на сопствените интереси.

Реклама

“Мора да ја смениме таа диоптрија на гледње на меѓународните односи. Посебно државниот врв на Република Македонија. Дека немаме веќе студена војна дека немаме непријатели. Членството во НАТО не е само придобивки. Граѓаните на Република македонија треба да се изјаснат дали прифаќаат да учествуваат во такви судири каде што ќе биде нападната членка на НАТО, дали граѓаните ќе бидат подготвени да се жртвуваат за тие судири”, смета Донев.

Алфа побара и доби реакција и од иранската амбасада во Скопје.  Во неа се вели дека присуството на голем број луѓе на погребот на убиениот генерал Сулејмани е показател за силната поддршка која тој ја имаал кај народот. Од амбасадата сметаат дека нападот на американските воени бази во Ирак бил во насока на борбата против светскиот експанзионизам и според повелба на обединетите нации. Истовремено почитувајќи го суверенитетот на Ирак. По ова и Трамп како што се наведува во реакцијата бил принуден да изјави дека САД се подготвени за мир.

Градимир Марковски