Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Донаторска акција на Македонското еколошко друштво за птицата модроврана

Во тек е акцијата на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зајакнување на овдешната популација на птиците модроврани преку изработка и поставување куќарки. Сакајќи да им обезбеди сигурен дом на овие прекрасни птици, МЕД ги повикува граѓаните да ја поддржат кампањата со симболична донација на следниот линк: https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modrovranite/. Според МЕД, некогаш широко распространета низ котлините во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е акцијата на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зајакнување на овдешната популација на птиците модроврани преку изработка и поставување куќарки. Сакајќи да им обезбеди сигурен дом на овие прекрасни птици, МЕД ги повикува граѓаните да ја поддржат кампањата со симболична донација на следниот линк: https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modrovranite/.

Според МЕД, некогаш широко распространета низ котлините во Македонија, модровраната (Coracias garrulus) денес се сретнува само во Овче Поле, Скопската котлина и низ Повардарието до Демир Капија. Губењето на старите дрвја и на природните дупки за гнездење за оваа птица значи ограничени можности за размножување и поранлива популација.

-Преку теренските истражувања во изминатите години утврдивме дека модровраните кај нас сè потешко наоѓаат места за гнездење. Затоа лани изработивме и поставивме неколку куќарки кои, на наше големо задоволство, се уверивме дека годинава веќе им станале дом на овие птици. За да можеме да обезбедиме уште повеќе куќарки и така да ја зголемиме бројноста на модровраните, потребна ни е поддршка и решивме да ја побараме од граѓаните, објаснува Славе Накев, проектен координатор во МЕД.

Реклама

Модровраната е средноголема преселна птица, со должина меѓу 29–32 см и распон на крилјата меѓу 52-58 см. Препознатлива е по азурносината боја на пердувите, кои на крилјата стануваат портокалово-кафеави одгоре и црни оддолу. Се размножува во топли, суви и пространи предели со помалку дрвја, низ Европа и Централна Азија. Секоја година, на патот до Африка, може да помине и до 10 000 километри.

Освен што е прекрасна птица, модровраната им е важен сојузник на земјоделците. Се храни со големи инсекти и мали глодари и така природно ги регулира штетниците. Токму затоа, нејзиното присуство се смета за показател за здрав и добро зачуван земјоделски предел. Сите љубители на птици и на природата може да се вклучат во акцијата на овој линк. Донаторската акција ќе трае најмалку до крајот на јуни, а изработката и поставувањето на куќарките ќе се спроведе во текот на летото.