Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Дома, СДСМ се губи неповратно – ама Филипче прави регионални коалиции против „авторитарните режими“

Опозициската СДСМ сѐ уште не може да излезе од политичката криза и кал во која партијата западна по двата последователни изборни порази. И наместо внатрешни реформи, целосна реорганизација и екипирање на партијата, лидерот Филипче вниманието ќе го насочел не само кон рушење од власт на ВМРО ДПМНЕ туку и во борбата против авторитарните режими во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ сѐ уште не може да излезе од политичката криза и кал во која партијата западна по двата последователни изборни порази. И наместо внатрешни реформи, целосна реорганизација и екипирање на партијата, лидерот Филипче вниманието ќе го насочел не само кон рушење од власт на ВМРО ДПМНЕ туку и во борбата против авторитарните режими во регионот. На денешната конференција „Скопска иницијатива“, организирана заедно со сестринските партии, порача дека социјалдемократите и прогресивните сили од Западен Балкан заеднички ќе одговорат на предизвиците од корупцијата и авторитарните политики.

„Соочени со слични или исти предизвици, а тоа се силите на регресијата кои што доминираат тука кај нас и во регионот и кој не дозволуваат да го продолжиме патот на развојот на реформите на евроинтеграцијата, мораме заеднички да се справиме, затоа што заедно сме посилни“, изјави Венко Филипче, претседателот на СДСМ.

Осврнувајќи се на вчерашниот самит посветен на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред полноправното членство, Филипче оцени дека се покажало оти неосновани биле тврдењата на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека Европа не ја сакала Македонија. Според него, пораките од европските лидери, Мерц и Макрон покажале дека вратата за земјава останува отворена и дека постои реална можност за напредок на евроинтегративниот пат.

Реклама

„Сметам дека оваа врата треба да ја искористиме додека е отворена во оваа форма да не ја испуштиме шансата, затоа што сепак станува збор за иднината на државата за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои живеат тука кои со децении го чекаат овој момент. Сме имале многу разочарувања“, изјави Венко Филипче, претседателот на СДСМ.

Лидерот на СДСМ на денешната конференција порача дека Македонија не смеела да ја пропушти, како што ја нарече, историската шанса за придвижување кон Европската Унија, оценувајќи дека наредниот период ќе биде клучен за иднината на државата и нејзината европска перспектива. На утрешниот Конгрес Венко најави усвојување на иделошката платформа со која јасно ќе се демаркирале нивните вредносни политики и што е тоа што граѓаните ќе можат во иднина да очекуваат од опозицијата.