Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ДОМ: Поддршка во вториот круг за независниот кандидат за градоначалник на Куманово Горан Стојковски – Диро

Претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, Сретен Стојковски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, Сретен Стојковски, на денешната средба ја обзнани поддршката на ДОМ за независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Поддршката е јавно објавена и врзана за конкретни мерки во интерес на здравјето, животната средина и транспарентното управување со Куманово, се вели во соопштението од ДОМ.

Претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ,  наведе дека подршката се темели врз основа на прифаќање на следните барања кои произлегуваат од јавниот интерес и од “зелената” програма што ја застапуваме:

 „Итна санација и отстранување на опасниот отпад во Табановце, реформа на инспекцискиот систем со формирање општински сектор за животна средина и комуналии, доследна примена на Законот за зеленило со минимум 20% зеленило на градежни парцели, доизградба на атмосферска канализација, заштита и обезбедување на бунарите Бедиње и Проевце, воспоставување зелени пунктови за градежен шут и целосна програма за прочистување и заштита на реката Кумановка, како и најважниот сегмент, формирање на „Совет за зелени политики“ со учество на соодветни експерти за заштита на животната околина“, рече Сретен Стојковски.

Реклама

 Тој додаде дека овие мерки не се празни зборови, туку интервенции кои ќе ги спасат здравјето и егзистенцијата на многу семејства во Куманово.

 „Ние веруваме дека локалната власт мора да функционира транспарентно и одговорно, мора да имаме, редовен јавен отчет, вклучување на експерти и граѓаните преку Советот за зелени политики и јасни индикатори за реализација порача Сретен Стојковски.

 „Ги повикуваме сите граѓани на Куманово да ја прифатат шансата за промена која не се мери во визуелен оптимизам или партиски притисоци, туку во реализирани проекти што ги штитат луѓето и природата. На 2-ри ноември гласајте одговорно, за бројот 41,  за човек што се обврзува на зелени и чесни политики. За Куманово што го сакаме и што го заслужуваме“, рече претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, м-р Сретен Стојковски.