Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Доктор Елези од болницата во Тетово: Денеска 13 прегледи на деца, нема хоспитализирани, ова не е ништо невообичаено

Директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези информира дека денеска, од 7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези информира дека денеска, од 7 до 14 часот во Педијатриското одделение имало 13 прегледи на деца, а ниту едно од нив не било задржано на болничко лекување.  

Тој вели дека бројките од 139 случаи од кои 12 биле задржани на болничко лекување, објавена во дел од медиумите  се однесуваат на 48 часа во текот на изминативе денови од работната недела. 

-Може е голема бројка за два дена, но како за летен период нема голема разлика во споредба со минатата година. Овие 139 прегледи и 12 хоспитализации се за деца кои сепак имаат различни симптоми. Некои имаат здравствени проблеми со дишните патишта, некои со дигестивниот систем, но во споредба со минатата година нема драстично зголемување. Ова е нормално за евиденција на заболени во Педијатриското одделение со оглед на сезонски вирусни и бактериски инфекции, изјави д-р Ерзен Елези, директор на Клиничка болница Тетово.