Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември

Судењето за „Државна лотарија“ продолжува на 23 септември со доказна постапка, читање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето за „Државна лотарија“ продолжува на 23 септември со доказна постапка, читање докази од страна на Обвинителството, откога во Основниот кривичен суд Скопје првообвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, денеска изјави дека не се чувствува виновен. 

Судот на денешното рочиште одлучи доказите да се изведуваат како што предложи Обвинителството, со нивно читање и објаснување на која околност се однесуваат. На ова реагира адвокатот на првообвинетиот Перпарим Бајрами, Еленко Миланов, кој побара доказите да бидат презентирани во целост бидејќи, како што рече, случајот е од голем јавен интерес. Меѓутоа, одлуката на судот остана иста, а Обвинителството побара изведувањето на материјалните докази да го почне на следното рочиште, со цел, како што посочија обвинителите, да може да ја конципираат листата на начин кој би бил појасен за одбраната и не би имало потреба од дополнителни појаснувања.

По денешното рочиште за случајот „Државна лотарија“, бранителот на Перпарим Бајрами, адвокатот Еленко Миланов, изјави дека во продолжение на постапката ќе се изведуваат материјални докази, со кои, според одбраната, ќе се оспоруваат наводите од обвинението.

Реклама

– Сето она што е неоспорно по својата содржина и ќе биде прочитано и презентирано за сите, и судот, и Обвинителството, и обвинетите, а и јавноста, да може да видат дали тие докази го поткрепуваат обвинението или не даваат основа за неговото поднесување – рече Миланов.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто актуелниот директор на „Државна лотарија“ не е предложен како сведок од страна на одбраната, Миланов појасни дека тој веќе се наоѓа на листата на сведоци на Обвинителството.

– Не можам да го предложам како сопствен сведок затоа што веќе е сведок на Обвинителството. Одбраната побара само право дополнително да го испрашува, односно право на директно испрашување – изјави Миланов.

На прашањето дали во постапката ќе биде повикан поранешниот министер за финансии, Фатмир Бесими, Миланов одговори дека тој не се наоѓа на неговата листа на предложени докази.

На судењето што почна минатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите на прогонот, и обвинетиот Башким Авди, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик. На денешното рочиште обвинетиот Авди исто така изјави дека не се чувствува виновен.

Покрај Бајрами и Авди, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски се товарат дека ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Откако побегна од земјата, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин Блаце по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Претходно, во бегство беше и поранешниот вицепремиер Груби, кој се предаде на органите на прогонот во февруари годинава по една година бегство.

Обвинението за овој случај го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а процесот го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.