Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Доградба на постоечки регионални центри и училишта низ целата држава во 2025 година

4 милиони евра за регионалниот  oбразовен центар во Тетово кој е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

4 милиони евра за регионалниот  oбразовен центар во Тетово кој е во завршна фаза и ќе овозможи 700 ученици да учат во современи услови, како и изградба на нови и доградба на веќе постоечки регионални центри и училишта за целодневна и едносменска настава низ целата држава. Министерката Весна Јаневска 2025-та ја најави како година на градежна експанзија во сферата на образованието за што веќе е потпишан договор со Светска банка.

“Во 2025 година ќе почнеме со големи капитални објекти за што ќе бидат потребни многу пари за што министерството за образование, владата и Светска банка имаат договор. Секако ова е еден од седумте предвидени регионални центри, пет се работи и се во фаза на реконструкција, доизградување, се што е потребно да за да се регионални центри. Околу 400 ученици од 3 и 4 година од вкупно 700, а очекуваме да се проширува и надмине 1200 ученици” изјави Јаневска

Државниот просветен инспекторат постапи во врска со случајот од училиштето во Челопек и донесено е решение за дисциплинска постапка притив наставничката која ја организираше прославата за денот на албанското знаме, за време на која ученици беа облекувани во униформи на УЧК и држеа пластични пушки во рацете. Додека за случајот од Струшкото село Подгорци каде советот на основното училиште го спореше назначувањето на директорот, од страна на министерството, Јаневска беше децидна и нагласи дека не постојат прекршувања на законот. Заклучокот, пак, на советот од училиштето не е во согласност со правилниците на Државниот просветен инспекторат.

Реклама

“Државниот просветен инспекторат постапи и издаден е заклучок односно решение. Директорот треба да преземе дисциплинска постапка против наставничката. Имено, и на градоначалникот му е дадена препорака да го санкционира директорот. Во Подгорци директорот е поставен по закон, јас сум го поставила и тука нема ништо спорно и може да се провери” изјави Јаневска.

Инаку, министерството за образование и ОБСЕ од Јануари ќе спроведат програма со која ќе се реализираат обуки за просветниот кадар, во насока на подобрување на мултиеничкиот соживот во училиштата.  

Даниел Ѓорѓевски