Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Договор со Бугарија – од рецепт за сигурна ЕУ иднина, до горчлив пораз

Дали има или каква е долгорочната стратегија на Владата за почеток на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали има или каква е долгорочната стратегија на Владата за почеток на преговорите со ЕУ, низ призмата на спорот со Бугарија, дали имаа предвидено опција дека источниот сосед ќе стави вето? Откако се потпиша договорот за добрососедство тврдеа дека тој ќе не приближи кон ЕУ, велеа тоа е патот кон Унијата. Вака хронолошки изгледаа изјавите.

Изјава ЗОРАН ЗАЕВ – претседател на Владата ( 26.07.2017)

Она што е значајно за Република Македонија е дека Република Бугарија цврсто го поддржува приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, без поставување услови и земјата е подготвена да ни ги пренесе сите искуства од процесот на европските интеграции.

Реклама

Две години подоцна , откако бугарското собрание ја усвои декларацијата предложена од Владата на Борисов со која беше условено дека ќе дадат зелено светло, но само ако не користи името македонскиот јазик, но не смее да се користи и терминот и „бугарскиот фашистички окупатор“. Сепак Заев повторно беше сигурен во очекувањата дека Бугарија ќе биде гласен поддржувач за да ги почнеме преговорите.

Очекувам најмалку да бидат едни од најгласните поддржувачи-рече Заев (10.10.2019).

Јас верувам дека Бугарија ќе даде поддршка на добивањето на почеток на преговори на Македонија со ЕУ рече Заев. (11.10.2019)

Оваа година во предизборието ја убедуваа македонската јавност дека за 6 години дури и ќе ги завршиме преговорите.

Со ваквата стратегија и цел, до 2024 година очекуваме да отвориме 80 проценти од поглавјата за ЕУ. Ние, за 6 години успешно ќе ги завршиме преговорите со Европската Унија-рече Заев.(03.03.2020)

На 11 октомври оваа година, Заев за прв пат кажа дека можеби Бугарија ќе не блокира.

Треба да го подготвиме македонскиот народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција во декември-рече Заев.(11.10.2020)

Почетокот на преговорите со унијата, се чини дека  е подалеку од кога било..  Официјална Софија е се погласна дека нема да попушти и меѓувладината конференција годинава нема да се одржи. И покрај убедувањата на Заев и владата дека сме близу ЕУ, оптимизамот се намали, дури и премиерот рече ветото е се поизвесно.

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно отколку да добиеме позитивно“-рече Заев. (15.10.2020)

Останува отворено прашањето дали Заев и македонската дипломатија не ја процениле доволно добро играта од Бугарија или пак недоволно ја подготвиле стратегијата за како да се заштитат македонските интереси и конечно да ги започнеме преговорите.

Мери Ѓорѓиевска