Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Доделени наградите на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“

Авторката Славица Андреева од Струмица за песната „Порака од пчелките“ ја доби првата награда – златната плакета со пригодни подароци на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“ што вчера се одржа во големата сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Втората награда – сребрена плакета со пригодни подароци и припадна на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авторката Славица Андреева од Струмица за песната „Порака од пчелките“ ја доби првата награда – златната плакета со пригодни подароци на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“ што вчера се одржа во големата сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Втората награда – сребрена плакета со пригодни подароци и припадна на авторката Јулијана Димитриевска од Скопје за песната „Принцеза“, а третата награда – бронзена плакета со пригодни подароци ја доби авторката Весна од Скопје, за песната „Месечинке“.

Специјална награда за најдобра песна од странски автор и беше доделена на Илина Јовановиќ Јаковчевска од Германија за песната „Во светот на бајките“, а специјална награда за освоени најголем број гласови од публиката на фејсбук страницата на Стихувалки доби Лара Стевановска од Крива Палнка за песната „Другарство“ за освоени над 450 гласови од публиката.

Реклама

Збирката поетски творби „Стихувалки 2026“, во која беа застапени 84 автори ја промовираа:  проф. д-р Елизабета Бандиловска и проф. Лила Арсова, а за значењето на фестивалот и поезијата за деца говореше м-р Ели Маказлиева, автор на проектот и програмски уредник.

На свеченоста се доделија 84 признанија и исто толку примероци од книгата – збирката поезија за деца, голем број благодарници, како и награди.

Свеченоста беше збогатена со музички точки на децата од градинката „Детска радост“ од скопската Општина Гази Баба и вокалисти-ученички од „Пијанофорте“.