Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

До ОИК Штип поднесени 152 барања од болни и немоќни лица за да гласаат во домашни услови

Во Општинската изборна комисија (ОИК) Штип поднесени се 152 барање за гласање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општинската изборна комисија (ОИК) Штип поднесени се 152 барање за гласање во домашни услови, по истекот на рокот синоќа на полноќ.

Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев изјави дека членовите на ОИК денеска ќе одлучуваат кои од нив ќе добијат можност да гласаат ден пред изборите, а ќе им помага лекар-специјалист од Клиничката болница.

-Значи рокот за пријавување беше до синоќа до 24:00 на полноќ заврши. Во моментот се пристигнати 152 барање за гласање за болни и неможни лица, односно оние лица кои што го остваруваат своето право на глас во домашни услови, ден пред изборите. ОИК денеска има закажано исто седница, каде што имаме повикано и доктор, специјалист од Клиничка болница- Штип, каде што заедно ќе ги разгледуваме барањата и истие дали ќе бидат одобрени или одбиени. Дали се во согласност со правилникот на Државната изборна комисија, рече тој.

Реклама

Најави дека во текот на следната седмица се очекува да пристигне и останиот дел од материјалите за избори, а најдоцна до среда истите треба да пристигнат.

-Другиот материјал за избори се очекува да биде пристигне согласно роковникот на ДИК, најдоцна 72 часа пред одржувањето на изборите. Очекуваме да пристигне во текот на наредната недела, некаде вторник или среда, вели Вацев.

Одлуката за секое од 152-те барања ќе се носи поединечно, врз основа на приложената документација. Лекар-специјалист од Клиничката болница во Штип ќе помогне во проценката на здравствената состојба на пријавените. Целта е да се обезбеди фер и законско спроведување на гласањето во домашни услови. Правото на глас им припаѓа на сите, без разлика на здравствената состојба.