Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Како што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.

-ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана – посочуваат од ДКСК.

Реклама

Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека во ИЈЗ постоел несоодветен начин на наградување на вработените, како и набавка на непотребна медицинска опрема, била купувана опрема која веќе ја поседувале, наместо онаа што навистина недостигала. Дополнително, биле набавувани електронски уреди како компјутери, лаптопи и мобилни телефони со пониски технолошки спецификации од оние што биле платени. Исто така, бил склучен договор за телекомуникациски услуги со двојно повисоки цени – наместо 80 илјади денари биле исплатени 1,5 милиони денари. Во извештајот се споменува и кабел долг 15 километри, набавен за 15 илјади евра, за кој не се знае каде се наоѓа.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска вчера на прес-конференција по објавениот извештај на ДЗР изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

– И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска.

Кога стапила на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за нив.

– Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари – посочи Андоновска.

Андоновска меѓудругото информира дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, посочи таа, било спротивно на законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план. 

На новинарско прашање Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор. Андоновска сепак истакна дека некои од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелира сите вработени да не се ставаат во ист кош.

Таа увери дека повеќето од работите што се случувале во Институтот сега се надминати.