Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Дислокација на стотици клими во Охрид – строги забелешки на УНЕСКО

Стотици сончеви колектори,фотоволтаични уреди, клима уредии други несоодветни инсталации на комерцијални рекламни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотици сончеви колектори,фотоволтаични уреди, клима уредии други несоодветни инсталации на комерцијални рекламни паноа и светлечки реклами треба да се отстранат во градот под Самиловите кули.Охридскиот Завод и музеј изготви точна евиденција,според која во стариот дел на Охрид како и централното градско подрачје вакви уреди се поставени на вкупно 561 објект.Најмногу,односно половина од нив се поставени во урбаниот комплекс од чаршијата па се до Чинарот.

Првиот човек на установата укажува дека рокот за нивно отстранување се ситни,а забешеките на Унеско во однос на заштитата на старото гратско јадро се ригорозни. Ако не сакаат да платат казни,охридските семејства треба да ги отстранат или да ги или да ги сокријат, да не се гледаат. Сепак најголем проблем се вели соларните панели и сончевите колектори.

 “Мислам дека следната мисија на Унеско повторно ќе го постави тоа прашање и во најскоро време треба да се најде некое соодветно решение.Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција,направивме евиденција, приоритети и сега понатака другите институции треба да мислат како тие ќе се отстранат“, вели Горан Патчев – директор на Завод и музеј Охрид

Реклама

 Објектите кои претставуваат заштитените културни добра од непроценлива вредност мора да бидат климатизирани,вели Патчев затоа ќе се бара начин да бидат соодветно дислоцирани. И вработените во националната установа “Завод и музеј” сред летна жега, ќе мора да се препотуваат оти на објектот има околу десетина клима уреди.

Доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема.Реагираат и граѓанските активисти, во стариот дел од градот велат не се проблем само стотиците спорни уреди, туку и бесправно изградените настрешница и поткровја.Ова се проблеми кои се провлекуваат со години.

 “Надворешниот дел на фасадата не наликува на старата охридска архитектура туку и разни панели се поставуваат, разладни апарати веќе покривот не е соодветен како што требал да биде.Исто и канделабрите  ретко каде во стариот дел на градот ќе сретнете нешто што асоцира на старо, исто така поплочувањето на старите гратски улици не оди како што треба”, вели Ванчо Стојаноски, граѓански активист

Инаку од Заводот и музеј уште пред две години извршиле инспекциски надзор,по што Управата за заштита на културно наследство изготвила решенија изрекувајќи им и казни.Не помогна нити прирачник  кој го добиле од надлежните институции со упатства како да се однесуваат кон културното наследство.