Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Економија

Директорот на ТИРЗ во посета на компанијата „Шахтерм“

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ,Гоце Димовски, ја посети компанијата „Шахтерм“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ,Гоце Димовски, ја посети компанијата „Шахтерм“, каде што изврши увид во текот на градежните активности на инвестицијата, чија реализација почна во мај минатата година, а почетокот на производството се очекува до крајот на годината.

Како што стои во соопштението од ТИРЗ, во рамките на посетата Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, на која беа разгледани динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети.

Димовски нагласи дека ТИРЗ остануваат посветен партнер на компаниите што инвестираат во зоните обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти.

Реклама

– Успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите – истакна Димовски.

Генералниот менаџер на „Шахтерм“, Фарук Шахин, изрази благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ нагласувајќи ја важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата.

– Благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата – посочи Шахин.

Од ТИРЗ информираат дека инвестицијата на „Шахтерм“ е вредна 100 милиони евра и опфаќа производствен објект со површина од над 13.000 квадратни метри, при што се очекува отворање 1.000 нови работни места. Според соопштението, Дирекцијата продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина и поддршка на компаниите што придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата.