Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Директорот на ФЗО Перински на конференција во Љубљана: Нов чекор кон поефикасно лекување и посилна регионална соработка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински учествува на првата заедничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински учествува на првата заедничка конференција на јавните заводи и фондови за здравствено осигурување од земјите од поранешна Југославија, што се одржува во Љубљана, во организација на Заводот за здравствено осигурување на Словенија.

Конференцијата, како што се наведува во соопштенито на ФЗО, претставува значаен чекор кон посилно регионално поврзување на институциите што управуваат со задолжителното здравствено осигурување и отвора простор за размена на конкретни искуства и решенија за прашања што директно влијаат врз осигурениците.

-Во фокусот на разговорите се поефикасното управување со средствата од здравственото осигурување, обезбедувањето поповолни цени за лекови и медицински помагала, како и унапредувањето на механизмите за контрола и откривање неправилности при наплатата на здравствените услуги. Посебно внимание е посветено и на можностите за посилно меѓународно поврзување на фондовите и заводите за здравствено осигурување преку AIM – Меѓународната асоцијација на здравствени организации, со цел размена на добри практики и заедничко справување со предизвиците со кои се соочуваат системите на здравствено осигурување – се нагласува во соопштението.

Реклама

На билатералната средба посебно билое отворено и прашањето за македонските студенти кои студираат во Словенија. Се разговарало за можностите за унапредување на нивната здравствена заштита и обезбедување дополнителни здравствени услуги за време на студискиот престој, во рамки на соработката меѓу двете институции.

Како следен конкретен чекор, до крајот на 2026 година се планира средба на претставници на ФЗО и Заводот за здравствено осигурување на Словенија, на која треба да се работи на усогласување на двојазичниот образец за упатување на лекување.

Истовремено, се додаба во соопштението, ќе биде разгледана и можноста за склучување договор или меморандум за соработка во областа на упатувањето на осигурени лица на лекување меѓу двете држави.

Со ваков акт би се прецизирале процедурите, постапките и начинот на реализација на упатувањето на лекување, со цел правата на осигурениците да се остваруваат поефикасно, а институционалната соработка меѓу ФЗО и словенечкиот Завод дополнително да се унапреди.

-За Фондот, регионалната и меѓународната соработка има практична вредност тогаш кога размената на искуства се претвора во подобри решенија за осигурениците – поефикасни процедури, подобро управување со средствата, поголема контрола и полесно остварување на правата од здравственото осигурување – се додава во соопштението.