Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Дипломатскиот синдикат жестоко против Димитров, меѓу амбасадорите и оџа од Дебар

Министерот Никола Димитров поставува амбасадори надвор од правилата на МНР, во погрешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Никола Димитров поставува амбасадори надвор од правилата на МНР, во погрешно време, преку политизација на изборот. Македонскиот дипломатски синдикат жестоко го критикува раководството на МНР за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва.

На само една недела пред формирањето на техничката Влада, беше извршен избор на 18 дипломати и 2 административци. Покрај сомневања дека упатувања во предизборен период се лесно подложни на политизација, Синдикатот е на мислење дека ваквата постапка е крајно непринципиелна, имајќи предвид дека пред само две години, во слична ситуација, со обратно поставени улоги, беше стопирано упатувањето во странство на веќе избрани дваесетина дипломати – велат од дипломатскиот синдикат.

Алфа веќе објави дека меѓу избраните амбасадори има и такви со двојно државјанство, што е спротивно на Законот за надворешни работи. Покрај професорот Мишо Докмановиќ, кај кого постои и можност за судир на интереси бидејќи бил дел од комисијата која одлучуваше за стипендијата за студирање во странство на ќерката на Димитров, има и други амбасадорски кандидати кои имаат или имале двојно државјанство. Алфа ја контактираше Светлана Гелева која треба да биде испратена во Советот на Европа во Стразбур. Таа потврди дека имала црногорско државјанство но се откажала од истото, а кога побаравме евентуален доказ за такво нешто ни порача за сите подетални информации да се обратиме во Службата за контакт со јавност на МНР. Инаку вчера претседателот Пендаровски предупреди дека Законот е јасен и дека тој нема намера да потпишува укази за упатување на амбасадори ако тие имаат и друго државјанство покрај македонското.

Реклама

Извори во Синдикатот пак, за Алфа велат дека меѓу 18 амбасадори има и еден оџа од Дебар кој иако нема никаква врска со дипломатската служба, сепак се подготвува за важна дипломатска мисија. Оттаму порачуваат дека за доброто на македонската дипломатија, крајно време е да се престане со праксата на двоструки аршини и да се воспостават постојани правила на игра, без оглед на актуелната политичка коњуктура. Бараат трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период – донесувањето нов Закон за надворешни работи, упатувањето дипломати и упатувањето амбасадори – веднаш да запрат и да продолжат дури по парламентарните избори.

Драган Милосављевиќ