Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дипломатскиот кор и локални клубови на велосипедска тура околу Охридското Езеро

 Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Македонија. Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и повторно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Македонија.

Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и повторно заврши во Струга, минувајќи околу Охридското Езеро.

Настанот е своевидна промоција на активниот туризам и природните убавини на регионот, а учесниците ја истакнаа важноста на ваквите активности за рекреација и меѓународна соработка.

Реклама

– Многу сме задоволни што сме тука во Охрид. Во моментов ја возиме велосипедската тура околу Охридското Езеро. Ова е завршен настан во рамки на прославата на Месецот на Европа, со кој го одбележуваме Денот на Европската Унија во Македонија. Денот беше одлична можност да уживаме во природата и да бидеме заедно со велосипедистите од дипломатскиот кор и од локалните велосипедски клубови. Навистина уживавме во ова искуство- истакна Бен Нупнау, заменик шеф на делегацијата на ЕУ во земјава.

Тој од Охрид како станица на велосипедската тура упати благодарност до институциите и „Европските куќи“ за поддршката во организацијата.

За трката,  тој рече дека помалку е напорна, но оти ако сте подготвен велосипедист, можете без проблем да ја извозите.

– Би ги охрабрил луѓето почесто да возат велосипед. Тоа е здрав, еколошки и пријатен начин да се ужива во природата и да се помине квалитетно време за време на викендот, рече тој.

Месецот на Европа е годишна иницијатива што се одбележува во земјите од Западен Балкан и Европската Унија, со цел промоција на европските вредности, соработка и приближување на институциите до граѓаните преку културни, спортски и едукативни настани организирани низ повеќе градови.