Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Прилози

Дипломатски тензии пред самитот во Тиват – протерани српски државјани, Вучиќ предупреден да не патува во Црна Гора

Осумдесет и седум српски државјани кои пристигнале со чартер лет во Тиват биле вратени во Белград по одлука на црногорските безбедносни служби. Според медиумски извештаи, групата планирала да организира повеќе собири за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Црногорските власти реагирале пред планот да биде реализиран. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдесет и седум српски државјани кои пристигнале со чартер лет во Тиват биле вратени во Белград по одлука на црногорските безбедносни служби.

Според медиумски извештаи, групата планирала да организира повеќе собири за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Црногорските власти реагирале пред планот да биде реализиран.

Според српска Нова, групата требало да се појавува на различни локации во Тиват и околината, да истакнува транспаренти и да организира јавни собири за време на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Реклама

Претседаделот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека и покрај предупредувањето од безбедносните структури ќе патува во Тиват. Тој посочи дека лично ѝ ветил на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека ќе патува на самитот.

– Ќе зборувам за тоа повеќе во Црна Гора отколку тука. Имаме важен, го имаме најважниот гостин од Европа и многу сум задоволен да во текот на нашите разговори и со се тоа што претстои да направиме, но верувам и се една нова динамика околу самите преговори и методологијата, така да верувам дека по тоа прашање ќе имаме подобри резултати – изјави српскиот претседател.

Тој потврди дека добил известување од српската тајна служба дека во Црна Гора се наоѓа озлогласениот Радоје Звицер, кој наводно подготвувал негова ликвидација. Вучиќ пред новинарите истакна дека бил запознаен со безбедносните информации, но нема намера да го откаже патувањето во Црна Гора, додавајќи дека е особено битно Србија заедно со ЕУ да победи во борбата со организираниот криминал.

Освен лидерите од регионот, на дводневниот самит ЕУ-Западен Балкан ќе присуствуваат и клучните лидери на Европската унија. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, францускиот претседател Емануел Макрон, германскииот канцелар Фридрих Мерц.

Во Тиват ќе бидат присутни и шефоцви на влади на повеќе европски држави, меѓу кои премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, шефот на словачката влада Роберт Фицо, австрискиот канцелар Кристијан Штокер. На самитот ЕУ-Западен Блакан, Фон дер Лајен ќе се сретне со лидерите на земјите од регионот.

Срѓан Ивановиќ