Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Дипломатска офанзива – премиерот Мицкоски во Минхен, па во Вашингтон

Продолжува дипломатската офанзива на владата предводена од Христијан Мицкоски. Од Германија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува дипломатската офанзива на владата предводена од Христијан Мицкоски. Од Германија на Минхенската безбедносна конференција, преку Атлантикот до САД – на клучни средби во Вашингтон. Билатералните средби кои ќе ги остварува деновиве, премиерот ќе ги искористи за појаснување на македонската позиција во ЕУ.

Првиот состанок беше со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Во фокусот на разговорите, како што информираше владината прес-служба биле европските интеграции, напорите и отстапките кои досега ги има направено Македонија. Мицкоски му порачал на Кошта дека заслужуваме да одиме напред и веќе никогаш да не бидеме заложници на билатерални спорови и препреки.

Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски. Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители. Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование, информираа од владината прес служба.

Реклама

Мицкоски на безбедносната конференција ќе земе учество на финалниот настан кој е посветен пристапните преговори на Западниот Балкан со ЕУ.

Во Германија, тој е придружуван од министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани

Од 16 до 18 февруари, Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција, еден од најважните светски форуми за глобална безбедност. На овој настан, кој ги собира водечките светски лидери, премиерот ќе зборува за процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, како и за геополитичките и енергетските предизвици што го обликуваат регионот, информираа од службата.

По Минхен, Мицкоски ќе отпатува во Вашингтон на најголемиот политички собир на конзервативците – организиран од Американската конзервативна партија

Се очекува, дипломатските активности да ја интензивираат стратегијата на Македонија за стабилност, пристапување кон ЕУ но и зајакнување на одностите со стратешките партнери САД кои ја поддржуваат земјава на патот до европското семејство.