Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Димовски:Хаосот со личните документи во режија на СДСМ и ДУИ е терористичко загрозување на уставниот поредок

Хаосот со личните документи во режија на власта на СДСМ и ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаосот со личните документи во режија на власта на СДСМ и ДУИ е терористичко загрозување на уставниот поредок предпуредува поранешниот пратеник Илија Димовски. Тој алармира дека власта треба итно да “смисли” нова стратегија, за граѓаните кои немаат лични карти да не останат извисени и без право на глас за престојните избори. Димовски препознава смислено сценарио во режија на власта во обид да ги спречи граѓаните да излезат и да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

“Уставот им гарантира право на глас на сите граѓани на Република Македонија. Меѓутоа нема можност со било каков акт понизок од Уставот да се одземе тоа право коешто уставот го гарантира прецизно и јасно.Секој обид и секоја манипулација и одложување на решавањето на тој проблем е тешко кривично дело. Е ова е терористичко загрозување на уставниот поредок, а не она што беше на 27-ми април” – вели поранешниот пратеник во собранието, Илија Димовски.

Според Димовски, овој потег на власта е и повеќе од очекуван, со оглед на рејтингот кој секојдневно е во слободен пад.

Реклама

“Власта ќе најде начин не би сакал да верувам дека ќе си играат со вакви сериозни проблеми во обидот да спасуваат нешто – нема спас. Ќе паднат од власт и нека биде тоа на достоинствен начин” – вели Димовски.

За дополнителните проблеми во предизборниот процес, алармираше и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој предупреди на сценарио за евентуален изборен инженеринг од страна на СДСМ и ДУИ. Дополнително освен проблемот со личните карти, е тоа што се уште не е формиран оперативниот штаб за изборите, како обврска на директорот на БЈБ Сашо Тасевски. Тошковски откри дека повеќе пати го барал тоа од него, последен пат со назнака „веднаш“ на 27 февруари, но се уште нема одговор.

И Народниот правобранител алармираше дека Владата треба што поскоро да излезе во пресрет на граѓаните кои немаат валидни лични документи, за да има фер изборен процес.

Инаку, во текот на февруари се пресакажени 125 илјади термини, односно граѓани кои требале да се фотографираат во текот на летото, добиле порака дека нивниот термин ќе биде порано од првично предвидениот. 

Ања Лукарова