Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Димитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на правата

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на форумот EU Meets the Balkans 5.0, што се одржа во Софија – соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик.

– Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски, кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам – рече Димитровски.

Реклама

Тој ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел. 

– Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика – истакна Димитровски.

Нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти.

Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија.

Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат разни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата.

На форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.