Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Димитров: Заедничката бугарско-македонска комисија може и да не проработи повторно

Песимистички пораки од Софија за работата на бугарско – македонската историска комисија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Песимистички пораки од Софија за работата на бугарско – македонската историска комисија. Според шефот на бугарскиот тим од заедничката комисија за историја  Ангел Димитров нејзината работа е претворена во домашен политички проблем за Македонците.

“Работата на комитетот беше еднострано прекината со аргументот дека треба да се усогласат со претстојните предвремени избори, кои се за 4 месеци. Тие едноставно одбиваат да се запознаат повеќе и да разговараат. Останува прашањето дали комисијата ќе ја продолжи работата во мај. Овој аргумент ми е исто така изненадувачки, затоа што колегите секогаш велеа дека работат без политички притисок, дека сè околу нив е мирно” –  изјави предводникот на бугарската комисија во рамките на мешовитиот комитет.

Шефот на македонскиот тим во заедничката комисија  Драги Ѓоргиев не ги прочитал најновите пораки од Димитров и затоа не сака ниту да ги коментира.

Реклама

“Не сум во Македонија, и не знам што кажал колегата Димитров, затоа не можам да коментирам” – пишува во одговорот на Ѓоргиев на прашањето од Алфа.

За досегашната работа на комисијата професорот Димитров вели дека се што е досега договорено е незначително. И понатаму останува на ставот за личноста на Гоце Делчев како Бугарин, потенцирајќи дека историската вистина е важна за Бугарија. Шефот на бугарската комисија продолжува со провокациите констатирајќи дека современиот македонски јазик настанал како комбинација од две-три месни наречја со позајмени букви од српската азбука.

 

Ања Василева