Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не открива во кој ресор. Како што изјави денеска претседателот на партијата, Максим Димитриевски, тоа би требало да се дефинира во текот на следниот месец.

Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на настанот по повод отчетот на избраните и именувани функционери на ЗНАМ, Димитриевски истакна и дека односите и соработката во владината коалиција се на одлично ниво.

-За нашата политичка партија никогаш не е приоритет што ќе добиеме како составен дел на власта, туку сакаме да преземеме одговорност. Како што претходно имаме информирано, влеговме во оваа Влада и буквално понудивме „карт бланш“ за да не гледаме реприза од минатото – како моноетничките партии на ситен камен ги дробат големите политички субјекти кои ја добиваат масовно поддршката на граѓаните. Во овој случај го спречивме тоа, да гледаме реприза. Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од аспект на преземање одговорност. Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, во уште еден ресор што треба да се дефинира во текот на следниов месец и верувам дека, како и во останатите ресори и институции каде што преземавме одговорност, ќе го дадеме својот придонес и во тој ресор. Разговараме за неколку ресори, не би сакал во моментов да шпекулирам. Секако дека мандатарот е најповикан да даде одговор на тоа прашање и верувам дека веќе до крајот на месецот ќе имате од негова страна излагање по однос на таа тема, рече Димитриевски.

Реклама

За вторите и третите ешалони на власта, додаде, досега до него не се пристигнати забелешки ниту од мандатарот, ниту од ресорните министри во однос на работењето на функционерите на ЗНАМ во пониските нивоа на власта.

-Она што можам директно да го ветам како претседател на ЗНАМ е дека именуваните и избраните функционери на ЗНАМ ќе продолжат најревносно и најодговорно да ги вршат своите добиени функции и да ги имплементираат политиките на ЗНАМ коишто се содржани и усогласени во владината програма, потенцира партискиот лидер.

Според него, ЗНАМ е првиот и единствен политички субјект во државата што по две години партиципација и партнерство во власта излегува со отчет пред граѓаните за сите активности на сите избрани и именувани функционери кои работат во владата и ја поддржуваат нејзината политика.

Ние сме поразлични од останатите. За ЗНАМ, иако е тешко да се верува бидејќи навиките во општеството се веќе такви, нема ниту една единствена афера, нулта корупција, и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Нашите приоритети се подобрување на социо-економскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост на сите пред законите во Македонија. Дали сте функционер или обичен граѓанин, имате еднакви права и еднакви можности, така како што е пропишано со Уставот на Македонија. Факт е дека дојдовме од минус состојба – длабоко задолжена држава, со длабоко поткопани институции, а стигнавме на позитивна нула. Гледаме дека се реализираат голем број инфраструктурни и капитални проекти низ државата, чиј резултат не може никој лично да си го припише себе си, туку тоа е општ резултат на целата Влада и сите нејзини партиципиенти, рече Димитриевски.

Воврска со коалицијата, потсети дека е усогласена владина програма за која сите заедно се грижат да биде имплементирана во целост.

-Верувам до крајот на мандатот на оваа Влада, граѓаните и суштински ќе го почувствуваат тоа, подвлече претседателот на ЗНАМ, Димитриевски.

На отчетот присуствуваа членови на ЗНАМ, пратеници, функционери, активисти и поддржувачи.