Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Куманово прераснува во регионален економски центар, благодарение на големиот број странски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово прераснува во регионален економски центар, благодарение на големиот број странски и домашни инвестиции кои или се во тек или наскоро ќе започнат да се градат во најголемата општина во Македонија. Кандидатот за трет градоначалнички мандат во Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека општината ги има сите предиспозиции да биде „мотор на економската локомотива“ не само на земјата, туку и на целиот регион.

– Светскиот гигант Лидл веќе инвестираше околу 110 милиони евра, и досега отвори над 150 нови работни позиции. Тоа се над 150 причини младите да не емигрираат, туку да се обидат својата животна перспектива да ја реализираат во своето родно место. Младите се иднината на Куманово и токму тие се главната причина заради која сите заедно мора да работиме на економски развој и напредок. Општина Куманово ќе ги вложи сите свои капацитети да обезбеди што е можно повеќе нови инвестиции, но ќе продолжи да ги поддржува младите и преку образованието, културата, спортот, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека на територијата на општина Куманово работат повеќе големи странски компании како „Армос Плус“, „Дрекселмаер“, како и голем број домашни бизниси.

Реклама

– Отвораме нови можности за вработување, нови можности за развој и просперитет на нашиот град и регионот. Да продолжиме да го развиваме Куманово во место на домашни и странски инвестиции, отворање нови индустриски зони, нови вработувања за младите, нови перспективи. Да го подигнеме БДП, и во Куманово, и во регионот, и во државата“, истакна Димитриевски.

Актуелниот градоначалник на Куманово, кој е во трка за нов мандат, најави дека во идниот четиригодишен мандат заедно со неговиот тим ќе работи на остварување на целта за економски развиено Куманово. Еден од приоритетите во програмата на Движењето ЗНАМ е Куманово да биде општина со најголем економски раст во државата, најголем број новоотворени работни места и најсветла перспектива за младите.