Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: За една година обезбедивме стабилизација и раст на економијата

Стабилизација на јавните финансии, намалување на јавниот долг, пониска инфлација, обезбедување ликвидност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилизација на јавните финансии, намалување на јавниот долг, пониска инфлација, обезбедување ликвидност, обезбедување редовна исплата на плати беа главните предизвици на министерството за финансии во првата година од мандатот . Во отчетот за сработеното Димитриеска – Кочоска посочи дека била затекната ситуација на висок дефицит, зголемен долг и нереализирани капитални инвестиции.

Во првата година од мандатот, економските перформанси се позитивни . Државата оствари раст од 2.8 отсто во 2024-та година , а јавниот долг е намален за 36 милиони евра во однос на крајот на 2024 година. Беше исплатена еврообврзница од 500 милиони евра, а задолжувањето дома е помало за 16,4 отсто од истиот период лани.  Инфлацијата пак е стабилизирана и се очекува да се намалува во следниот период

За една година обезбедивме стабилизација на економската активност и стапки на раст кои последователно во 3 квартали се околу 3%. Од 1,9% економски раст во првиот квартал минатата година и 2,8% во вториот квартал, по доаѓање на оваа Влада имаме раст кој е 3 и над 3% и остваривме раст во 2024 година од 2,8% кој беше и над нашата проекција од 2,1%, министер за финансии

Реклама

Планот на министерството е да се продолжи темпото за стабилни економски показатели. Во ребалансот на буџетот кој го предлага Владата за 2025-та година остануваат проекциите за раст од 3,7 отсто, а приоритет ќе бидат инвестициите.  Изминатата година е забележано рекордно ниво на директни странски инвестиции од над една милијарда евра, додека дома се поттикна инвестициски циклус од 300 милиони евра во приватниот сектор, а општините добија 250 милиони евра директна поддршка.  Зголемена е просечната плата во државата, а пензионерите добија линеарно покачување . Следното ќе биде во септември по модел на процентуално покачување

Просечната плата е зголемена за над 10% и достигна повеќе од 40.000 денари.Пензионерите добија постојано зголемување на пензиите, во просек за 5.000 денари годишно. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1% во 2025 година. Обезбедивме раст на платите во администрацијата, здравството, полицијата, образованието. 87.000 вработени имаат покачување на платата, тоа се повеќе средства за многу семејства во земјава, порача министерката

Фокусот на министерството останува да се работи домаќински за да останат стабилни јавните финансии… Она што е од особена важност е дека е вратена довербата кај кредиторите и инвеститорите. Кредитниот рејтинг на земјава  е потврден и од агенцијата за кредитен рејтин Фич, што за министерството е насока дека се водат добри економски политики.