Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не додаваме повеќе од тоа што е. Имаме доволно резерви на енергенси, а со маркетите е договорено ако забележат зголемување на влезните цени на производите да го информираат Пазарниот инспекторат, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Во интервју за телевизија Канал 5, министерката за финансии појансува дека сегашната криза е сосема различна од онаа во 2022 година и дека Министерството за финансии може да реагира откако ќе се прогласи кризна состојба.  

– На дневна основа се прават анализи за тоа што се случува на Блискиот Исток и како се движи цената на нафтата и она што Министерството може да го преземе или да постапи е откако ќе се прогласи кризна или воена состојба. Во вторникот немаше предлог за кризна состоба затоа што имавме намалување на цените на нафтата. Ние правиме споредба и со она што се случуваше во 2022 година. Ако се спореди со 2022 година, точно на 12 март цената на нафтата била 117 долари за барел, а денес имаме состојба во која цената на нафтата е околу 100 долари за барел. Сега имаме сосема различна состојба за разлика од 2022 година, посочи Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Министерката вели дека на состанокот со нафтените компании сите потврдиле дека имаат доволно резерви. 

– Нема недостиг на нафта и тоа го кажа секоја од нафтените компании кога беа на состанокот. Можам одговорно да тврдам дека ги прашавме секоја од нафтените компании дали имаат проблем. Одговорот на прашањето зошто на одредени бензински пумпи немало нафта беше дека имаат во нивните складишта и дека им треба време да ја транспортираат до бензинските пумпи. Ниту еден не кажа дека се соочува со каков било проблем од недостиг, рече Димитриеска-Кочоска. 

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година. 

– Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Имавме инфлација која беше многу повисока од тоа што ја имаме денес. Во 2022 година во месецот кога ги воведоа мерките има номинален раст на платите од 10 проценти, а реален 1,2 проценти односно инфлацијата била 8,8 проценти, а растот на храната бил 11,4 проценти. Денес имаме состојба каде има реален раст на платите во однос на инфлацијата, а растот на храната е понизок, нагласува министерката за финансии.

На состанокот со маркетите, како што информира, било договорено дека доколку забележат промени во влезните цени, да го информираат Пазарниот инспекторат. 

– Тоа е важно и нема да дозволиме она што народски го кажуваме воени профитери да ни се случува. Ја следиме состојбата. Претседателот на Владата е во постојана комуникација со сите засегнати страни, држиме состаноци во Владата. Ја следиме состојбата внимателно, нагласи министерката за финансии.