Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени 500 милиони евра по поволни услови за целосна и навремена отплата на еврообврзницата во јануари

Обезбедени се сретства, за целосно сервисирање на еврообврзницата, издадена во 2018 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбедени се сретства, за целосно сервисирање на еврообврзницата, издадена во 2018 година, која доспева, во јануари 2025 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска во Будимпешта, го потпиша договорот за заем, со унгарската „Експорт-Импорт банка“, во износ од петстотини милиони евра.

Како што изјави Кочовска, со овој заем, се обезбедуваат поволни услови, за отплата на обврските, коишто доспеваат во јануари. Заемот, е со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години, и каматна стапка од 3,25%. Според министерката, со овој договор се прави заштеда, затоа што, доколку се одлучеле да издадат нова еврообврзница, каматата би била над 6% „дополнително, заштеди се прават, и по основ на трошоци за провизии, кои за овој заем, се околу 50 илјади евра, наспроти трошоците за издавање еврообврзница, кои достигнуваа, и над 1 милион евра“, рече министерката за финансии.

Таа истакна, дека е особено важно, што заемот, е под истите услови, како и првиот, заем за кој беше потпишан договор во октомври. Средствата ќе и бидат достапни на Македонија, на почетокот на јануари.