Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Економија

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот годинава, понизок и во споредба со крајот на 2024 и 2025 година – изнесува 58,8 отсто од БДП

Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1-процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6-процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6-процентни поени.

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Во согласност со објавените податоци, нивото на јавниот долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8%, а во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра.

– Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал – велат од Министерството за финансии

Реклама

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска истакнала дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира.

– Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8 % од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте, не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60 % од БДП и да се борите да не го надминете тој праг – рекла министерката.

Таа истакнала дека кога станува збор за задолжувањата, некогаш може да се надмине лимитот што постои како некаква психолошка граница, но дека е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што, како што нагласила, во последните години се случува.

– Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандард е да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници – сето тоа е животен стандард. Значи, ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува – потенцира министерката за финансии.

Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, а податоците за состојбата на државниот долг на месечно ниво. Во согласност со последните податоци, државниот долг заклучно со 30.6.2026 година изнесува 9,432 милиони евра или 51,7 % од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2-процентни поенти.