Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Дијалог-сесија на НКЕУ-МК за евроинтеграциите и клучните реформски поглавја

Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратеници ќе ја одржи 75. дијалог-сесија, посветена на темата „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Македонија: Од „темелите“ и пошироко“.

Како што соопштуваат од НКЕУ-МК, на отворањето на сесијата најавени се воведни обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Јетон Шасивари, амбасадорката на Република Словачка во земјава Ивета Хрицова, како и на извршната директорка на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА) од Братислава, Јитка Иванчикова.

Во рамки на воведниот дел предвидено е потпишување меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Европското движење во Македонија (ЕММК), како носител на НКЕУ-МК. Во име на НКЕУ-МК обраќање ќе има националната координаторка, универзитетска професорка на УКИМ и претседателка на ЕММК, Милева Ѓуровска.

Реклама

Работната програма на 75. дијалог-сесија опфаќа три панел-дискусии. 

Првиот панел е насловен „Правосудство и темелни права (Поглавје 23)“, на кој ќе дебатираат државниот секретар во Министерството за правда Дајанчо Ефтимов, потпретседателот на Европското движење ЕММК, амбасадорот Мухамед Халили, судијката во Апелациониот суд Скопје Оља Ристова, обвинителката во Републичкото јавно обвинителство Лиле Стефанова и извршниот директор на Здружението „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски. Модератор на панелот е координаторката на РГ-3 и професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Александра Деаноска-Трендафилова.

Вториот панел е посветен на темата „Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24)“. Како панелисти се најавени државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски, директорот на Директоратот за европска интеграција при Министерството за надворешни работи и претседател на Паневропската унија во Македонија, амбасадорот Андреј Лепавцов, експертот на НКЕУ-МК и професор на Факултетот за безбедност при УКЛО Трпе Стојановски, поранешната обвинителка Ленче Ристоска и извршниот директор на Центарот за европски стратегии – Евротинк, Димитар Николовски. Со панелот ќе модератира координаторката на Работната група 4 и професорка на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ, Марина Митревска.

Третата панел-дискусија ќе биде на тема „Антикорупција (Поглавје 5, Поглавје 18 и Поглавје 32)“. Во дискусијата ќе учествуваат директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски, експертот на НКЕУ-МК и професор на Економскиот факултет при УКИМ Драган Тевдовски, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска и претседателот на Транспаренси интернешнал – Македонија, Благоја Пандовски. Модератор е координаторот на Работната група 6 и извршен директор на Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“, Виктор Митевски.