Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Дигитално реставрираниот „Солунските атентатори“ премиерно на отворањето „Нем филм 2026“

Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ на режисерот Жика Митровиќ премиерно ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ на режисерот Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на шестото издание на Фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“, што од денеска до 15 септември ќе се одржи во Кинотеката на Македонија.

Станува збор за најново издание на Кинотеката во рамките на програмата за дигитална реставрација на македонски филмови, наменета за зачувување и афирмација на националното филмско наследство.

„Солунските атентатори“, снимен во 1961 година, се смета за едно од најзначајните остварувања во југословенската кинематографија и е инспириран од дејствувањето на македонските гемиџии во Солун во 1903 година.

Реклама

Филмот на фестивалот во Пула ја добил наградата на публиката „Јелен“, а режисерот Жика Митровиќ бил награден за успешно негување на акциониот жанр.

По проекцијата, за процесот на дигиталната реставрација ќе говори деканот на Факултетот за драмски уметности, Владимир Павловски, а специјален гостин ќе биде филмскиот критичар Дејан Дабиќ.

Покрај отворањето со „Солунските атентатори“, фестивалот нуди програма составена од филмски класици, неми филмови и дигитално реставрирани дела од македонското наследство.

Утре ќе биде прикажан класикот „Една недела“ на Бастер Китон, а в петок публиката ќе може да ја проследи проекцијата на „Четиристотини трикови на ѓаволот“ на Жорж Мелиес. Двата неми филма ќе бидат проследени со музика во живо во изведба на ансамблот „Консонанс“, составен од музичари од Македонската филхармонија.

Во програмата е вклучен и циклус со филмови на француската режисерка и пионерка на светската кинематографија Алис Ги, кои ќе бидат музички придружувани од Андреј Татарчевски.

Фестивалот ќе понуди и проекции од ретроспективата на Берлинскиот филмски фестивал „Загубени во 90-тите“, реализирана во соработка со Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, како и омаж на големиот шпански режисер Луис Буњуел со проекциите на „Виридијана“ и „Ангелот истребувач“.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и дигитално реставрираните македонски анимирани кратки филмови „Ембрио бр. М“, „Адам 5 до 12“, „Граница“, „Буквар за писмени“, „Рака“, „Отпор“, Homo Dogmaticus и „Црно знаме“.