Девојка на возраст од 21 година е прегазена на пешачки премин во Штип. Изутрина по 9 часот девојката била удрена од патничко возило додека поминуваала на пешачки премин во близина на стадионот во Штип.
Случајни минувачи притрчале да ѝ помогнат на девојката и повикале брза помош. Девојката со повреди е однесена во Клиничката болница во Штип. Од болницата за Алфа велат дека направени се рендген снимки, девојката има набиеци и скршеница на надлактицата.
Младиот возач бил на местото на настанот, додека полицијата се уште врши увид.
