Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден. Согласно програмата, се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден.

Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри.

На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ.

Реклама

На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски.

На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2.

Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.