Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Денот на демократијата одбележан во Собранието: Демократијата почнува кога ќе сфатиме дека нашиот глас е важен

Демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата, беше порачано денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во Собранието. Пред ученици од основните училишта, претставници на законодавниот дом и Амбасадата на Швајцарија говореа за значењето на демократските вредности, улогата на парламентот и важноста младите навреме да се вклучат во општествениот живот. 

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на учениците им објасни дека парламентот носи закони што го уредуваат секојдневниот живот на граѓаните.

– Демократија е кога вие во вашиот клас заеднички ќе одлучите каде сакате да одите на излет. Некој можеби ќе предложи да одите на Матка, друг ќе каже во Охрид, трет во Катланово, а класниот раководител или наставничката можеби ќе предложат Водно. Но сите вие треба да гласате и заеднички да одлучите каде ќе одите на излет – рече Милошоски.

Реклама

Тој додаде дека почитувањето на одлуката на мнозинството претставува суштина на демократската култура.

– Оној што размислува поинаку не му е непријател на оној што не размислува како него. Демократијата е степен на општествен развој во кој одлуката на мнозинството се почитува и од оние што не успеале да ја наметнат својата позиција. Тоа не е слабост, туку израз на политичка култура – истакна Милошоски.

Амбасадорот на Швајцарија во земјата, Кристоф Зомер, во своето обраќање нагласи дека демократијата не се сведува само на избори и институции, туку се практикува и во секојдневниот живот.

– Демократијата значи да имате глас, да го изразите своето мислење, да ги слушате другите, да поставувате прашања, па дури и да не се согласувате, а сепак сите да имаат можност да придонесат во општеството во кое живееме – рече Зомер.

Тој посочи дека младите имаат важна улога во демократските процеси.

– Демократијата не почнува тогаш кога ќе станете доволно возрасни за да гласате. Таа почнува во моментот кога ќе сфатите дека вашиот глас е важен – нагласи швајцарскиот амбасадор.

Зомер препорача и дека демократските вредности мора постојано да се негуваат.

– Затоа демократијата никогаш не треба да се зема здраво за готово. Таа не е производ што еднаш е создаден и потоа оставен на полицата. Демократијата е нешто што мора постојано да се практикува, негува и унапредува – истакна тој додавајќи дека иднината на демократијата зависи од секој поединец, а не само од парламентите, владите и политичките партии.

Раководителот на Парламентарниот институт и државен советник Златко Атанасов истакна дека Собранието е куќа на сите граѓани и дека демократијата се гради и учи низ воспитувањето и образованието. Тој нагласи дека никој не се раѓа како демократ, туку преку животот учи да ги почитува правата на другите и затоа Собранието организира вакви настани за младите. Според него, парламентарната демократија треба да се негува и почитува, особено имајќи ги предвид периодите кога граѓаните немале можност сами да одлучуваат за својата иднина.

По воведните обраќања, се одржа интерактивна сесија со учениците на тема демократија. Во рамките на програмата беше емитуван и видеоматеријалот „Како Шари стана пратеник?“ по што следуваше дискусија меѓу учениците и пратениците за темите обработени во видеото, со цел младите непосредно да се запознаат со функционирањето на парламентарната демократија и процесот на донесување одлуки.