Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

„Ден на спортот“ во Охрид и Плазма Спортските игри за млади

Охрид денеска е домаќин на „Денот на спортот“ и јубилејното десетто издание на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава по првпат се реализираат во повеќе градови низ Македонија. Стотици деца од охридските училишта учествуваат во десет спортски дисциплини – мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика, како и баскет 3х3, ракомет, шах, одбојка […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид денеска е домаќин на „Денот на спортот“ и јубилејното десетто издание на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава по првпат се реализираат во повеќе градови низ Македонија.

Стотици деца од охридските училишта учествуваат во десет спортски дисциплини – мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика, како и баскет 3х3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Организаторите посочуваат дека игрите имаат инклузивен карактер и им овозможуваат учество на сите деца и млади, без разлика дали активно се занимаваат со спорт, со порака „Чекор за подобра иднина“.

Реклама

Присутните ученици ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, која ја нагласи важноста на настанот за младите и спортскиот дух.

-Со победите на ракометарите на ГРК Охрид и освоениот Европски ЕХФ куп, Општина Охрид само покажа и докажа дека го поддржува спортот. Дојдовме тука со заедничка цел – да се поттикне фер-плејот, толеранцијата и дружењето. Дружете се, спортувајте, уживајте и понесете убави спомени – порача Мицковска.

Во рамки на настанот се реализира и проектот „Zero Waste – Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планета“, што преку спорт и интерактивни активности има за цел едукација на децата за одржлив развој и заштита на животната средина. Во програмата се вклучени едукативен квиз за одржлив развој и практични активности за селектирање отпад преку спортски полигон.

Плазма Спортските игри за млади се најголема спортска манифестација за деца во Европа и се одржуваат веќе 30 години. Од почетокот во Хрватска, па преку Босна и Херцеговина, Србија и Словенија, игрите првпат се организираат и во Македонија со поддршка на Владата и локалните самоуправи.

На национално ниво се очекува учество на околу 27 илјади деца, а најдобрите ќе се пласираат на државното финале во Скопје кон крајот на јуни. Најдобрите 200 финалисти ќе учествуваат и на меѓународното финале што од 17 до 22 август ќе се одржува во Сплит, Хрватска