Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Демократски сили на Ромите прослави 23-годишни од своето основање

Демократските сили на Ромите (ДСР) синоќа ја прославија 23-годишнината од своето основање.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократските сили на Ромите (ДСР) синоќа ја прославија 23-годишнината од своето основање.

Како што соопшти претседателот на ДСР и актуелен министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите, Шабан Салиу, тој во своето обраќање пред членовите, симпатизерите и пријателите на партијата  истакнали дека ДСР е создадена како политички одговор на системската дискриминација кон ромската заедница.

-Кога ја основавме ДСР, влогот беше едноставен и огромен, да ја претвориме болката од дискриминацијата во политичка сила и еднакво граѓанство. Не баравме милостина, баравме правила што важат за сите и институции што служат и на Ромите, истакна Салиу.

Реклама

Говорејќи за својата актуелна улога во Владата, нагласил дека институционалната одговорност е клучна за реална промена.

-Како министер, мојата обврска е да ја претворам политичката порака во мерлива институционална работа – од координација на националните политики за инклузија до отворени врати за граѓаните. Државата мора да биде предвидлива, отчетна и фер, истакна тој.

Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, каде што Салиу е кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, тој ја претставил визијата на ДСР за општината.

-Влегуваме со победничка енергија и јасен системски план, функционална инфраструктура, силно образование и култура, фер здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора работни места и зелена, транспарентна општина со јавно управување и отчет. Не ветуваме туку остваруваме, порача Салиу.

Според него, кампањата на ДСР се темели на политичка зрелост и граѓанска одговорност, нагласувајќи дека борбата на партијата останува мирна, уставна и насочена кон резултати што се гледаат во секојдневниот живот на граѓаните.