Реклама
Македонија

Делегација на Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани, предводена од градоначалникот Владко Грозданов,  присуствуваше на 32.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Општина Кочани, предводена од градоначалникот Владко Грозданов,  присуствуваше на 32. Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Бугарија. Фестивалот годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот.

Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот Грозданов оствари средби со претставници на локални самоуправи и културни институции од различни држави. На средбите беа разменети мислења и идеи за унапредување на меѓународната соработка, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во областа на културата и туризмот, информира локалната самоуправа.

– Фестивалот „Сурва“ е одличен пример како традицијата и културата можат да бидат мост за поврзување меѓу народите, за градење нови партнерства и пријателства кои во иднина можат да резултираат со конкретни соработки и проекти – цитиран е во соопштението од Општината, градоначалникот Влатко Грозданов.