Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Делчевскиот Центар за култура доби поддршка за 23 културни проекти во 2026 година

Националниот центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ денеска на прес-конференција ги презентираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ денеска на прес-конференција ги презентираше проектите кои ја добија поддршката од Министерството за култура и туризам за 2026 година.

Директорот Златко Начовски истакна дека поддршката опфаќа различни области на културната дејност: фолклорна дејност, музичка и музичко-сценска дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн, литература и издавачка дејност, инвестициско одржување и опрема, како и музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство.

-Оваа година нашата установа доби финансиска поддршка за 23 проекти кои ќе ја збогатат културната понуда во Делчево, од фолклор и музика до визуелни уметности и литература- рече Начовски, потенцирајќи дека меѓу најзначајните проекти е реализацијата на постојаната музејска поставка во Спомен-домот на Разловечкото востание.

Реклама

Тој посочи дека поддршката ќе овозможи континуитет и развој на културниот живот во градот.

-Со оваа поддршка продолжуваме да ја развиваме културната понуда, да создадеме нови содржини за публиката и да обезбедиме континуитет во културните активности. Најзначајните проекти опфаќаат активности на фолклорната група и женската пејачка група „Ѓурѓа“, музички концерти и камерни настапи, ликовни изложби и работилници, литературни фестивали и изданија, набавка на опрема за Спомен-домот на Разловечкото востание и културни активности кои го одбележуваат јубилејот од 150 години од историскиот настан- подвлече Начовски.

Директорот на културната установа ги покани граѓаните да присуствуваат на сите културни настани, а веќе оваа среда од 19 часот делчевската публика ќе има можност да ужива во театарската комедија „ЈЗУ Европа“.